Dildar Baykan
16 Март 2017•Ажурирај: 16 Март 2017
АНКАРА (AA) – Дебатата за тоа колку има корист, а колку штетат социјалните мрежи, веројатно никогаш нема да престане. Но, случајот во Индија покажа дека социјалните мрежи, во овој случај „Твитер“, некогаш можат да бидат од животно значење, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што јавува „Би-би-си“, Анга Никам во текот на патувањето во воз забележал жена што бара млеко за своето бебе. Сакал некако да ѝ помогне на жената и одлучил да се обиде тоа да го направи преку социјалните мрежи.
Никам испрати фотографија од бебето на официјалниот „Твитер профил“ на Министерството за железници на Индија, и напиша: „На ова бебе, кое патува со Хапа експрес, му е потребно млеко“.
Во Министерството за кратко време била забележана пораката на „Твитер“ и бргу реагирале, одговарајќи на пораката: „Млекото подготвено чека на наредната станица ‘Колад’“.
Потегот на индиското министерство предизвика воодушевување на „Твитер“, и доби многу пораки на благодарност за помошта на мајката и нејзиното бебе.
Индиското министерство претходно помогна и во случај на потреба за инвалидска количка, како и пелени за бебе.