Zehra Ulucak
09 Февруари 2016•Ажурирај: 10 Февруари 2016
СРИНАГАР (AA) – Спасувачките екипи го извлекоа телото на индискиот војник кој шест дена преживеа под седум метри висока снежна лавина на подрачјето Сиачен, во индиската покраина Јаму Кашмир, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералот на индиската војска Д.С. Хода соопшти дека спасувачките екипи извлекле девет безживотни тела на војниците кои страдале во лавината која на воениот пункт се урна пред шест дена.
Телото на десетиот војник, Ханаматап Копад е извлечено синоќа под седум метри лавина, а на радост и изненадување на сите, војникот преживеал.
Преживеаниот војник е префрлен во болницата во Њу Делхи.
Спомнатиот регион на северот на Индија е место каде често се случуваат трагедији. Тоа воедно е место каде има високи тензии и чести судири помеѓу пакистанската и индиската војска, но снежните лавини и екстремните студови во споредба со судирите на значително се почеста причина на страдањата на војниците од двете страни.
Во јануари уште четири индиски војници го загубија животот во снежна лавина, а една од најголемите трагедији во последно време се случи 2012 година кога лавина во пакистанското подрачје Азад Кашмир усмрти 140 луѓе, меѓу кои повеќето беа војници.