Mustafa Deveci
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
НАБЛУС (АА) - Израелските сили со гумени куршуми и солзавец интервенираа врз Палестинците кои организираа демонстрации во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Група Палестинци кои се собраа во градот Наблус на Западниот Брег, протестираа против приведувањето на членовите на движењето Фатах во Источен Ерусалим (Кудс) од страна на Израел.
Израелските сили интервенираа врз демонстрантите кои се движеа од центарот на градот Наблус кон воената контролна точна на Израел.
Против демонстрантите беа користени гумени куршуми и солзавец, а демонстрантите возвратија со камења.
Палестинските власти, меѓу кои и Аднан Гаис, гувернер на Ерусалим при палестинската администрација, минатата недела беа приведени во Источен Ерусалим.
По денешното рочиште, гувернерот Гаис и девет члена на движењето Фатах беа пуштени на слобода.