свет

Интервенција на полицијата пред блокираниот факултет во Нови Сад, повредени студенти, граѓани и новинари

Полициската акција следуваше откако деканот на факултетот, Патрик Дрид, пријави дека утрово бил спречен да влезе на работното место и побара помош од полицијата да му се овозможи пристап до зградата

Aleksandar Savanovic  | 28.04.2025 - Обновена : 29.04.2025
Интервенција на полицијата пред блокираниот факултет во Нови Сад, повредени студенти, граѓани и новинари Фото: Aleksandar Savanović/АА

НОВИ САД (АА) - Припадниците на интервентните и силни жандармериски сили интервенираа денес за да ги отстранат студентите и граѓаните собрани пред Факултетот за спорт и физичко воспитување во Нови Сад, Србија, при што се повредени неколку лица, меѓу кои и новинари, јавува Анадолу.

Полициската акција следуваше откако деканот на факултетот, Патрик Дрид, пријави дека утрово бил спречен да влезе на работното место и побара помош од полицијата да му се овозможи пристап до зградата.

Првите судири меѓу полицијата, студентите и граѓаните избувнаа набрзо, а по пристигнувањето на дополнителни полициски и жандармериски сили започна интервенцијата, во која се употребени штитови, палки и солзавец.

Службите за итни случаи им пружија помош на голем број луѓе што се здобија со повреди на рацете, нозете и главата, како и на оние што се пожалија на проблеми поради изложувањето на солзавец.

Деканот Дрид бил присутен за време на судирите и внесен во зградата откако полициските сили ја пробиле блокадата.

Набрзо потоа тој повторно е изнесен од зградата, а насобраните го поливаа со вода и фрлаа јајца по него.

Собраните граѓани и студенти фрлаа и вода и јајца и кон полицајците.

Факултетот за спорт и физичко воспитување е под блокада веќе неколку месеци, како и другите факултети на Универзитетот во Нови Сад.

Управата на факултетот неодамна објави дека „блокадата е завршена“ и дека, наводно, повеќето студенти одлучиле да продолжат со наставата онлајн.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.