Ali H. M.Abo Rezeg
23 Октомври 2016•Ажурирај: 24 Октомври 2016
НИНИВА (АА) - Командата на ирачката армија соопшти дека во воздушен напад во јужниот дел на Мосул загинал Абу Осама, помошник и еден од најблиските соработници на лидерот Ебу Бекр на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на воздухопловните сили на ирачката војска се наведува дека Абу Осама е убиен во воздушен напад врз неговото засолниште, во јужниот дел на Мосул.
„Абу Осама и голем број негови телохранители се убиени во воздушен напад“, тврди ирачката армија.
Мосул е втор по големина град во Ирак, кој од крајот на јули 2014 година го контролираат терористите на ДЕАШ.
Со интервенција на коалициските сили, ирачките сили кои ги сочинуваат ирачката војска и курдската Пешмерга, започнаа акција за ослободување на градот.