Aynur Ekiz
25 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Турските сили за безбедност вчера фатија вкупно 938 луѓе кои нелегално сакале да ја преминат границата со Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Генералштабот на турската армија соопшти дека вчера граничните сили фатиле 816 лица додека се обидувале нелегално да влезат во Турција од Сирија, а 75 лица кои се обиделе од Ирак.
Запленето е големо колечество на цигари, чај, лекови, крупна стока и 350 литри гориво.
Пограничните сили на Турција уапсија 45 лица кои се обиделе нелегално да ја преминат границата од Турција кон Бугарија.