Diyar Güldoğan
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Повеќе од 100 милитанти на терористичката организација ДЕАШ се убиени во северниот ирачки град Мосул, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ирачкото Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека Ф-16 бомбардирал пет позиции на ДЕАШ во Мосул каде се ранети околу 40 милитанти.
Ирачката војска на 18 октомври со помош на американската воздушна коалиција покрена офанзива за преземање на Мосул кој е втор најголем ирачки град, откако ДЕАШ го зазеде средината на 2014 година.
Поголем дел од селата на периферијата се ослободени од ДЕАШ.