Haydar Karaalp
24 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
БАГДАД (АА) - Во ирачкиот град Наџаф потврден е првиот случај со коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Раководителот на Одделот за здравство во Наџаф, Радван ал Кинди, соопшти дека со вирусот е заразен студент по теологија од Иран.
Кинди истакна дека студентот е хоспитализиран и се наоѓа во карантин.