İdris Okuducu
10 Септември 2019•Ажурирај: 11 Септември 2019
БАГДАД (АА) - Триесет и едно лице загина, додека 100 лица се повредени во стампедото кое се случи за време на церемонија за ашуре во ирачкиот град Кербела, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Ирак, Сејф ел Бедир, писмено соопшти дека се случило стампедо за време на церемонијата одржана по повод Денот на ашурето во градот Кербела.
Бедир информираше дека како резултат на стампедото, смртно настрадале 31 лице, додека 100 лица се повредени, од кои 10 лица се наоѓаат во тешка состојба.