Ali Makram Ghareeb
13 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
КИРКУК
Поминаа три години од ослободувањето на Мосул, кој беше под окупација на терористичката организација ДЕАШ, а за обнова и изградба на оваа ирачка метропола потребни се седум милијарди долари, јавува Агенција Анадолија (АА).
Третиот најголем ирачки град, од јуни 2014 година до средината на декември 2017 година беше под окупација на терористите на ДЕАШ, кои го прогласија и за престолнина на таканаречениот „калифат“.
Градот на бреговите на Тигрис претрпе стравично разорување во периодот на окупацијата на ДЕАШ, а неговиот гувернер Неџим ал Џубури рече дека за обновата се потребни седум милијарди долари.
Терористите на ДЕАШ во текот на окупацијата ги уништиле речиси сите монументални споменици од светското културно наследство во Мосул, а градот во текот на судирите претрпе големи разорувања, и за обнова и изградба ќе треба уште време и пари.
„По години бегство, илјадници жители се вратија во Мосул, но илјадници од тие повратници и понатаму се бездомници“, рече Ал Џубури.
Тој рече дека на Мосул му се потребни итни инфраструктурни проекти за обнова на урнатите куќи, болници, училишта и јавни установи.