Mohamed Sabry Emam Muhammed
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
БАГДАД (АА) - Ирачките власти денес погубија 36 осуденици на смрт кои учествуваа во масакрот на терористичката организација ДАЕШ врз кадетите на ирачките воздушни сили пред две години, јавува Anadolu Agency (AA).
„Осудените лица се егзекутирани денес во затворот ал Насиризах” , потврди неименувано официјално лице на ирачкото Министерство за правда за АА.
Ирачкот суд претходно изрече смртна казна за 36 лица, а извршувањето на пресудата минатата недела го одобри ирачкиот претседател Фуад Масум.
Припадниците на терористичката организација ДАЕШ, на 12-ти јуни 2014 година го зазедоа ирачкиот град Тикрит, а притоа го снимија масовното стрелање на стотина припадници на ирачките безбедносни сили, меѓу кои повеќето беа кадети од воената база Спејчер.
Според податоците на ирачкото Министерство за човекови права, во тој маскр се убиени најмалку 2.398 лица.
Ирак претставува средиште на длабока безбедносна криза која ескалираше во јуни 2014 година, кога терористите на ДАЕШ го зазедоа најголемиот ирачки град Мосул и го прогласија за престолнина на таканаречениот „ калифат” на подрачјето на Ирак и соседна Сирија.