Haydar Karaalp
29 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
БАГДАД (АА) - Лидерот на Движењето Садр во Ирак, Муктада ал-Садр, соопшти дека целосно се повлекува од политиката, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шиитскиот верски и политички лидер Садр во изјавата споделена на својот профил на социјалните мрежи нагласи: „Изјавувам дека се откажав од политичкиот ангажман и целосно се повлеков од политиката. Решив да ги затворам сите институции освен гробот на татко ми, институцијата за историски споменици и семејниот музеј Садр.“
Во својата изјава, Садр критикувајќи го и ајатолахот Казим ал-Хаири, еден од ирачките шиитски религиозни лидери, кој живее во Иран и објави дека вчера „ја завршил својата должност“, рече дека Хаири не ја донел по сопствена волја одлуката за повлекување.
Во Ирак, покрај Политбирото има политички, економски и воени институции, што се поврзани со Садр.