Bekir Aydoğan
26 Јуни 2023•Ажурирај: 30 Јуни 2023
ЕРБИЛ (АА) - Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Духок во Ирак, пренесува Анадолу.
Соопштението во врска со земјотресот во Духок е објавено на твитер-профилот на Секторот за потреси на Претседателството за катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Наведено е дека земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случил во 9:41 часот по локално време во областа Амеди во Духок.
Регистриран е на длабочина од 12,12 километри.
Нема информации за евентуални човечки жртви или материјална штета.