İdris Okuducu
07 Август 2017•Ажурирај: 08 Август 2017
ЕРБИЛ (АА) - Централната влада на Ирак соопшти дека го суспендира транспортот на суровата нафта, која се извлекува од изворите во Киркук кој е под нејзина контрола, во Курдската регионална влада во Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веднаш треба да запре испораката на сурова нафта од Северната нафтена компанија кон Курдската регионална власт во Ирак, и треба да се стави крај на дополнителното производство“, истакна во своето писмено соопштение заменик-министерот за нафта на Ирак, Керим хатаб Џафери.
Џафери не даде објаснување дали оваа одлука е донесена поради одреден технички дефект или поради некоја друга причина.
Централната влада на Ирак без да даде некое оправдување во март 2016 година на околу пет месеци ја запре испораката на нафта од Киркук.
Киркук е богат со нафта која се црпи од пет нафтени извори. Три од овие извори, Баба Гургур, Џамбур и Хаббаза, во име на централната влада се контролираат од страна на Северната нафтена компанија, додека другите две се под контрола на Курдската регионална власт во Ирак.
Нафтата која се црпи од овие извори со нафтовод кој минува низ Турција се транспортира до пристаништето Џејхан и се продава на светксиот пазар.