Ekipa
14 Јули 2019•Ажурирај: 15 Јули 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Сеид Абас Мусеви, ги негираше наводите дека неговата земја со посредување на Русија започнала преговори со Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција ИРНА јавува дека Мусеви ги негирал пишувањата дека Техеран преку Москва преговара со САД.
„Иран на преговорите со САД не учествува ниту на едно ниво“, изјави Мусеви.
Претходно одредени медиуми пренесоа дека министрите за надворешни работи на Иран и САД преговорите ги воделе со посредство на Русија.