Mustafa Melih Ahıshalı
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Портпаролот на Високиот совет за национална безбедност на Ирак, Кејхван Хусреви, соопшти дека Иран го затворил својот воздушен простор за Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција ИСНА објави дека „Врз основа на барањето на централната управа на Ирак, Иран го затвори својот воздушен простор за Регионалната курдска управа на северен Ирак“, истакна Хусреви.
„Откажани се летовите од Иран за Сулејманије и Ербил, како и летовите од нашиот воздушен кростор кон Регионалната курдска управа на северен Ирак. Во случај да се одржи референдумот, ќе се затвараат и копнените граници“, додаде тој.
Во веста се нагласува дека централната управа на Ирак од Иран побарала да ги затвори границите за Регионалната курдска управа на северен Ирак.