Mustafa Melih Ahıshalı
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
ТЕХЕРАН (AA) - Иран жестоко го осуди утринскиот напад на Соединетите Американски Држави (САД) на воздухопловната база на силите на режимот на Асад, по име Шајрат, во сирискиот град Хомс, јавува Anadolu Agency (AA).
„Остро го осудуваме нападот на САД на воздухопловната база Шајрат, за кој како причина е наведен нападот со хемиско оружје во Сирија", се наведува во изјавата на гласноговорникот на Министерството за надворешни работи на Иран Бехрам Касими.
Исто така, гласноговорникот порача дека ваквите „еднострани чекори" ќе ја доведат Сирија и проблемите во регионот во уште покомплицирана ситуација.
Американскиот джравен секретар Рекс Тилерсон потврди дека е ракетирана воената вбаза на силите на Асад, која е поврзана со последниот хемиски напад во Идлиб. Тој нагласи дека е неприфатливо тоа што Асад му го прави на сопствениот народ.
Според соопштението на Пентагон, воздухопловната база Шајрат гаѓана е со 59 проектили Томахавк утрово околу пет часот по локално време. Проектилите се лансирани од американските бродови во домет на базата. Пентагон наведе дека им е познато дека во базата се наоѓаат и руски војници и дека Русија во текот на денот била известена за нападот.
Претседателот на САД Доналд Трамп по ракетирањето на базата на Асад повика на поддршка на тој воен чекор.