Diyar Güldoğan
07 Април 2017•Ажурирај: 07 Април 2017
АНКАРА (АА) - Русија денес го прекина договорот со САД за спречување на инцидентите и за безбедност на летовите над Сирија, соопшти Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Руската страна го суспендираше меморандумот со САД за спречување инциденти и за безбедност на воздухопловните операции за време на операциите во Сирија“, се вели во соопштението на министерството.
До овој потег дојде откако САД истрела 59 проектили „томахавк“ врз сириската воена воздухопловна база од којашто, според американските официјални претставници, е извршен смртоносниот напад со хемиско оружје. Од министерството се вели дека причинатa за ракетниот напад, кој според САД е одговор на нападот со хемиско оружје, е само изговор.
Министерството за надворешни работи го обвини САД за непромислен пристап којшто претставува закана за меѓународната безбедност. Москва додава дека акциите на САД ќе придонесат за понатамошно уништување на руско-американските односи.
Од министерството се вели дека се подготвени да соработуваат во решавањето на проблемите, особено во решавање на меѓународниот тероризам.
Русија исто така го повика Советот за безбедност на ОН да одржи итен состанок за да се дискутира во врска со ситуацијата.