Zehra Nur Düz
01 Јули 2020•Ажурирај: 01 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Иран денеска потврди 141 нов смртен случај од последиците на заразување со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на починати се зголеми на 10.958, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сима Сада Лари, портпаролката на Министерството за здравство на Иран, изјави дека во последните 24 часа се регистрирани 2.549 нови случаи на заразување со Ковид-19 и дека вкупниот број достигна 230.211. Таа додаде дека досега се излекувале и од болница се пуштени вкупно 191.487 лица, истакнувајќи дека 3.081 пациент и понатаму се во критична состојба.
„Досега во Иран се извршени над 1,69 милион тестирања“, напомена Лари.
„Иран бележи тренд на пораст на дневни случаи во многу покраини, а се издвојуваат: Кузестан, Разави Корасан, Западен и Источен Азербејџан, Курдистан, Керманшах и Хормозган“, изјави Лари.
Исто така забележан е и сериозен пораст во бројот на пациентите во болниците во главниот град Техеран.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март прогласи глобална пандемија поради ширењето на коронавирусот. Исто така, СЗО, заедно со Европа ги прогласи САД, а потоа и Јужна Америка за епицентар на пандемијата на коронавирусот, која за првпат се појави на крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.