Haydar Karaalp
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
БАГДАТ (АА) - Извршен е ракетен напад на Меѓународниот аеродром во Багдад, главниот град на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на Агенција Анадолија (АА) од ирачки безбедносни извори, утринава околу 5:00 часот бил извршен ракетен напад на Меѓународниот аеродром.
Соопштено е дека во нападот нема жртви.
На аеродромот се наоѓа и американската воена база. Се нагласува дека по нападот во базата долго време се слушале сирени.
Ирачката Влада сѐ уште не даде соопштение за нападот.
Пред пет дена, исто така беше извршен ракетен напад на Меѓународниот аеродром во Багдад, при што беше оштетен цивилен авион.