Ekipa
12 Јули 2016•Ажурирај: 13 Јули 2016
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, го назначи Акил ал-Хазали, заменикот-министер за административно-финансиски работи, како министер за внатрешни работи на државата додека не се назначи нов министер на трајна основа, јавува Anadolu Agency (AA).
Ал-Хазали, кој го заменува министерот за внатрешни работи во заминување, Мохамед ал-Габан, ќе го води министерството сѐ додека не се назначи нов министер со консензус на политичките блокови, изјави во денешнното соопштение Маџид ал-Гарави, член на парламентарната комисија за безбедност и одбрана.
Минатата недела, Ал-Габан поднесе оставка, а причина како што рече, бил неуспехот на државниот безбедносен апарат за заштита на јавноста, особено во главниот град.
Неговата оставка дојде само два дена по големиот бомбашки напад со автомобил-бомба во централната населба Карада во Багдад, во кој загинаа речиси 300 лица.
Бомбашкиот напад, за кој се смета за одговорна терористичката група ДАЕШ, е еден најкрвавите терористички напади што се случиле во Ирак од инвазијата на земјата, предводена од САД, во 2003 година.
По поднесувањето на оставката, Ал-Габан го повика премиерот да спроведе сеопфатни реформи на секторот за безбедност во Ирак.