Ekipa
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, денес го отфрли повикот од страна на шиитскиот свештеник Муктада ал Садр за распуштање шиитската милиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи пред поддржувачите Ал Садр повика на распуштање на милицијата и префрлање на борците во ирачката армија.
„Хашд ал-Шаби е за Ирак и нема да биде распуштена”, изјави Ал Абади на прес-конференцијата во Багдад.
„Следната фаза по ослободувањето на земјата од ДЕАШ e битката за единство”, вели тој.
Шиитската милиција е формирана во 2014 година со назначена цел за борба против терористичката група ДЕАШ, која зафати огромни делови од територијата во северен и во западен Ирак.
Меѓутоа шиитската милиција се соочува со обвиненијата за злоупотреба на цивилите во областите со мнозинско сунитско население.
Минатиот месец, ирачката армија го зазеде Мосул од терористичката организација ДЕАШ.