Haydar Hadi
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади изјави дека безбедносните сили воспоставиле контрола врз границата со Ирак и со Сирија и дека завршила војната со членовите на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ја коментираше и одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, додавајќи дека никој нема право ниту способност да го краде Ерусалим.
Во претходната изјава Абади рече дека не ја прифаќа ова одлука и предупреди дека тоа би можело да има негативно влијание во регионот.
Воената медиумска мрежа која делува при Министерството за одбрана на Ирак, повикувајќи се на генерал-полковник Абдулемир Јарулах објави дека земјата е целосно исчистена од ДЕАШ.