İdiris Okuduci
29 Декември 2019•Ажурирај: 30 Декември 2019
ЕРБИЛ
Ирачкиот претседател, Берхем Салих, изјави дека тие се против какво било надворешно мешање во Ирак, кој се наоѓа во политичка криза поради немањето кандидат за нов премиер на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението објавено на официјалната веб-страница на Претседателството, претседателот Салех го примил јапонскиот амбасадор во Багдад, Наофуми Хашимото, во палатата „Селам“ во главниот град Багдад.
На средбата се дискутирало за важноста на зајакнувањето на солидарноста и соработката меѓу двете земји и за тоа дека во реконструкцијата на Ирак треба да биде искористено искуството на Јапонија.
Ирачкиот претседател Салих на средбата, исто така, се осврна и на неодамнешните случувања во неговата земја.
Салих истакна дека реформите во земјата треба да се реализираат почитувајќи ја волјата на народот.
„Ние исто така сме против какво било надворешно мешање во работите на земјата“, нагласи Салих.
Во Ирак, каде што владината криза трае веќе околу еден месец, претседателот Салих на 26 декември соопшти дека нема да го назначи Асад Идани, кандидат на Коалицијата „Бина“ за формирање Влада, и дека е подготвен да си даде оставка ако продолжи притисокот.
По ова соопштение Салих го напушти Багдад и отиде во неговиот роден град Сулејманије, а синоќа повторно се врати во главниот град. Салих, поради ставот што го соопшти, ја доби поддршката од демонстрантите.
Премиерот Адил Абдулмехди поднесе оставка на 29 ноември поради антивладините демонстрации во Ирак од 1 октомври.