Haydar Hadi
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили ослободија еден кварт и три села од терористичката организација ДЕАШ, во рамките на акциите за ослободување на регионот Тел Афар, кој припаѓа на градот Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашата 15. бригада ги ослободи селата Хан, Меџарин и Тиније од терористите на ДЕАШ“, изјави командантот на ирачките сили во Тел Афар, генералот Абулемир Јарула.
Ирачката полиција презеде контрола над квартот Хусеин Идрис, кој исто така се наоѓа во Тел Афар.
Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади во недела ја најави акцијата за ослободување на Тел Афар од терористите на ДЕАШ. Тел Афар се наоѓа 63 километри западно од градот Мосул, а од јуни 2014 година е во рацете на ДЕАШ.