Haydar Hadi
24 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
МОСУЛ (АА) - Ирачките сили во потполност презедоа контрола од терористите на ДЕАШ над Меѓународниот аеродром во Мосул, јавува Anadolu Agency (AA).
„Меѓународниот аеродром во Мосул е вратен во потполност. Нашите сили продолжуваат да напредуваат кон Тајаран, првиот кварт во западен Мосул“, порача во пишано соопштение шефот на ирачката Федерална полиција, Раид Џавдет.
Од друга страна, медиумската мрежа на Командата на ирачките сили во Мосул соопшти дека од ДЕАШ ја ослободила и воената база Aл-Гизлани.
Се истакнува дека во воената база е истакнато ирачкото знаме.
Здружените ирачки сили со поддршка на меѓународната коалиција во октомври минатата година започнаа операција на ослободување на Мосул, кој од летото 2014 година беше под контрола на ДЕАШ. Кон крајот на јануари е ослободен источниот дел на градот, а изминатиот викенд е започната операција за ослободуавање и на западниот мосулски брег на реката Тигар.