İdris Okuducu
19 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
МОСУЛ (АА) - Здружените ирачки сили продолжуваат со операцијата за ослободување на западниот дел на Мосул од терористите ДЕАШ, а денес го ослободија стратешки важното подрачје Ал Џадид, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот мајор Бурга Музахин за АА истакна дека ирачките безбедносни сили по жестоките судири го ослободиле квартот Ал Џадида во кој се наоѓа и џамијата Фатих Али што од страна на терористите била користена како воена база.
„Беа убиени најмалку 14 терористи, а запленивме и големо количество оружје. Операцијата продолжува и во моментов се водат борби во квартот Јермук“, рече Музахим.
Терористите на ДЕАШ од летото 2014 година го контролираат вториот по големина ирачки град, Мосул. По тримесечни операции на здружените ирачки сили поддржани од страна на меѓународната коалиција, во јануари е ослободен источниот дел на Мосул, а на 19 февруари е започната операција за ослободување на центарот на градот, кој се наоѓа на западниот брег на реката Тигар.
Операциите се во тек и ирачките сили бележат напредок, а најголем проблем во ослободувањето на градот претставуваат цивилите кои терористите ги користат како жив штит, минските полиња и бомбашките напади кои терористите на ДЕАШ ги изведуваат како дел од стратегијата за одбрана.