Diyar Güldoğan, Tarek Chouiref
10 Јуни 2026•Ажурирано: 10 Јуни 2026
Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран (ИРГЦ) рано утринава соопшти дека извршил одмазднички напади врз 21 американска воена цел во воздухопловните и поморските бази на САД низ регионот, пренесува Анадолу.
Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека со ракети со голем дострел се уништени четири главни цели во базата Ал-Азрак во Јордан, вклучително и хангари во кои биле сместени борбени авиони Ф-35 и командно-контролен центар.
Јорданската армија соопшти дека соборила пет ракети истрелани од Иран кон областа Ал- Азрак.
Од ИРГЦ предупредија дека нејзините сили целосно се подготвени да упатат „конечен и разорен“ одговор на секој нов напад, додавајќи дека американските сили ќе ја сносат одговорноста за последиците.
Претходно ИРГЦ, исто така, тврдеше дека го соборила американското беспилотно летало MQ-9 над областа Џам во јужната провинција Бушер.
Ова се случи неколку часа откако САД извршија напади во јужниот дел на Иран.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) подоцна го објави завршувањето на нападите што ги опиша како „самоодбрана“ од Иран.
Од ЦЕНТКОМ соопштија дека американски борбени авиони ги погодиле иранските системи за воздушна одбрана и радарски локации во близина на Ормускиот Теснец, како одговор на соборувањето на хеликоптер Апачи на американската војска.