Ömer Koparan,Ethem Emre Özcan
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
ЏЕРАБЛУС (АА) - Според првичните информации, во истовремените терористички напади извршени на две различни точки во градот Џарабулус северна Сирија, повредени се 5 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бомбите поставени на возила активирани се истовремено во селата Тел Али и Селџе во Џaрабулус, кои беа исчистени од терористи со турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Петте цивили повредени во терористичките напади се префрлени во болниците во Џарабулус.
Локалните безбедносни сили кои истражуваат на местото на настанот се фокусираат на можноста нападот да е организиран од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Од друга страна, 3 цивили се повредени во ракетните напади извршени од терористичката организација ЈПГ/ПКК во јужниот дел на областа Џарабулус.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК, која ја продолжува својата окупација во регионите Тел Рифат и Мунбич, често организира терористички акции врз регионите Ал Баб, Азаз, Џарабулус и Африн.