Atila Altuntaş
27 Јуни 2022•Ажурирај: 28 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шефицата на шведската дипломатија Ан Линде истакна дека многу сериозно ја сфаќаат загриженоста на Туркије за тероризмот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Линде во изјава за државната телевизија СВТ се осврна на преговорите на Шведска со Туркије за НАТО.
Таа рече дека мисли дека разговорите што ќе се одржат за време на Самитот на НАТО, што ќе започне утре во Мадрид, Шпанија, ќе бидат позитивни.
„Ние размислуваме поинаку за некои прашања, исто како на нормалните состаноци. И покрај тоа, можеме да најдеме начин да се договориме со почитување на меѓусебните ставови. Ние многу сериозно ја сфаќаме загриженоста на Туркије за тероризмот“, рече Линде.
Според неа, го делат истиот став со Туркије во однос на терористичката организација ПКК.
Линде рече дека се сериозни за ова прашање, и дека мисли дека тоа се гледа и од страна на Туркије.
Истакнувајќи дека Шведска има една од најстрогите регулативи за извоз на оружје во светот, Линде рече: „Доколку влеземе во воен сојуз со Туркије во кој ќе се браниме меѓусебно, одлуките ќе се носат соодветно на тоа. Има можности да преземеме конкретни чекори понатаму.“