Nuran Erkul
03 Август 2017•Ажурирај: 04 Август 2017
АНКАРА (АА) - Најголемата опасност во светот е терористичката организација ДЕАШ, додека на второ место се климатските промени, покажува истражувањето на „Center Pew“ од Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето, коешто се однесува на меѓународната безбдност е спроведено во 38 земји од светот, а учествуваа околу 42.000 лица.
Меѓу осумте можности, граѓаните како најголема закана во светот го препознаа ДЕАШ. Од 38 земји, кои учестуваа во истражувањето, 18 од нив, воглавно испитаници од американските земји, но и одЕвропа, Блискиот Исток и Азија го гледаат ДЕАШ како најголема опасност во светот.
Испитаниците на преостанатите 13 земји, воглавно од Латинска Америја и Африка, климатските промени ги сметаат за најголема закана.
На трето и на четврто место се наоѓаат кибер-нападите, но и состојбата кога е во прашање глобалната економија. Меѓу најголеми закани е и мигрантската криза, влијанието на САД, Русија и Кина.
Американските испитаници, 74 отсто од нив, првенствено го сметаат ДЕАШ за најголема заканата во светот, потоа кибер нападите од другите земји, но и климатските промени.
Дека ДЕАШ е најголема закана сметаат и 97 отсто од Либанците, 88 отсто од Шпанците, 85 отсто од Италијанците, 77 отсто Германци, 70 отсто Британци, 67 отсто Холанѓани и 63 отсто од Израелците.
Од 38 земји кои учествуваа во анкетата, само Унгарија ги гледа мигрантите како најголема закана.