Ekipa
20 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ДАМАСК (АА) - Подрачјето Дума кај Дамаск веќе четири години е под контрола на сириската опозиција и под целосна опсада на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Жителите излегоа на улиците на разурнатиот град, каде што присуствуваат на заедничките ифтари и така му пркосат на егзодусот што се случи во нивниот град, јавува Anadolu Agency (AA).
Дума се наоѓа во покраината Источна Гута. Силите лојални на сирискиот режим неодамна ги прекинаа артилериските напади, но опсадата и блокадата на тој град и понатаму траат.
Хуманитарната организација „Adale Hayr“ (Адале хајр) од неделата организира ифтар за 600 лица на улиците на разурнатиот град Дума, а меѓу има повеке од 100 деца.
Ифтарските софри се поставуваат во неколку улици во некогаш развиените, а денес во потполност расурнати квартови.
По неколку години, ова е првпат жителите на сирискиот град Дума да можат заедно да јадат за ифтар и на некој начин да ја почувствуваат убавината на месецот Рамазан.
Претставникот на хуманитарната организација, Муејид Абу Шади, за АА изјави дека на ифтарското мени се нуди ориз, месо, овошје и вода. Глетката на шарените трпези на разурнатите улици и насмевката што се врати на лицата на децата и на луѓето најдобро го прикажуваат пркосот на народот и волјата за живот, без оглед на војната што сѐ уште трае.
„Претходно ифтарите беа организирани во засолништа, но оваа година тоа го правиме на улиците бидејќи нема веќе каде луѓето да се засолнат за да бидат безбедни. Ќе подготвуваме ифтари до крајот на Рамазан“, изјави Шади.
Седумгодишниот Рима Ахмед, момче кое поголемиот дел од животот го помина во засолништа, вели дека е среќен што излегол надвор и што може да јаде и да се дружи со многу луѓе.