Halit Süleyman,Sinan Polat
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Турската хуманитарна организација ИХХ секој ден дава ифтар за 65.000 луѓе во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ифтарите се даваат во бегалските кампови во Азаз, во близина на турско-сириската граница. Поради нападот на режимските сили на сирискиот претседател Башар ал-Асад, илјадници луѓе се присилени да ги напуштат своите домови, така што се сместени во бегалските кампови во Сирија и Турција.
Храната која се дели на Сиријците се подготвува во турскиот Килис, градот, кој поради тоа што прими голем број на бегалци е номиниран за Нобелова награда за мир.
Омер Копаран од ИХХ, кој е надлежен за подрачјето на Алепо, изјави дека во текот на светиот месец за муслиманите, Рамазан, ќе продолжат да пружаат поддршка на сириските бегалци и дека во Азаз даваат ифтар за голем број бегалци.
Копаран истакна дека сириските волонтери обично три до четири часа пред ифтарот почнуваат да ги делат порциите. Во пакетите обично има вода, урми, колачи, џем и мед, односно храна која заситува.
Тој додаде дека засолниште во Азаз побараа бегалците од Рака, Алепо но и од Фалуџа, во Ирак.