Ekipa
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот министер за внатрешни работи, Бернард Казенев, изјави дека возачот на камионот, кој усмрти 84 лица за време на прославата на Денот на Бастиља е многу брзо радикализиран, јавува Anadolu Agency (AA).
Обракајќи ѝ се на јавноста, денес во Елисејската палата во Париз, Казенев рече дека случајот од Ница покажал екстремни потешкотии во борбата со тероризмот.
Француската влада е критикувана поради слабата безбедност, што се покажа како точно на францускиот национален празник, Денот на Бастиља. Но, Казенев тврди дека во регионот нивото на безбедноста е високо, вклучувајќи го и филмскиот фестивал во Кан и Карневалот во Ница.