Behlül Çetinkaya
19 Октомври 2022•Ажурирај: 20 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Видеото насловено „Украинските солзи му го кажуваат на светот она што не може да се искаже со зборови“, снимено во Украина од снимателот на Агенција Анадолија, Тајиб Хошбаш, го освои првото место во категоријата „Најдобар документарен филм“ на Меѓународните филмски награди во Источна Европа (ЕЕИМА), јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на ЕЕИМА беше наведено дека видеата во кои се зборува за жртвите од војната во Украина се прогласени за најдобри во оваа категорија.
Во краткиот документарен филм снимен од Хошбаш се прикажани кадри од луѓе кои ги изгубиле своите најблиски, домовите и други нешта.
Многу Украинци со солзи во очите жалат по изгубеното, не сакаа да ја напуштат областа каде што живеат. На видеото може да се видат деца како си играат меѓу урнатините.