Ali Cura
20 Јануари 2016•Ажурирај: 21 Јануари 2016
КИЈЕВ (АА) - Украинскиот министер за економски развој и трговија Аиварас Абрамавициус изјави дека неговата земја поради руското ембарго "загуби вкупно 98 милиони долари" , пренесува Аnadolu Agency (AA).
Министерот Абромавициус се обрати на конференцијата за медиуми на која се осврна на економските случувања во Украина. Во таа прилика истакна дека ембаргото, кое Русија го воведе за неговата земја, немаше големо влијание на украинската економија.
"Се работи за губиток од вкупно 98 милиони долари. Според очекувањата на нашата влада, во 2016 година се очекува вкупна загуба помеѓу 420 и 600 милиони долари", рече украинскиот министер за економски развој и трговија Аиварас Абрамавициус
Абромавициус рече дека не е намалена количината на украинскиот извоз преку Русија во Азија и додаде дека е одржан износот на извозот во вредност од 1,8 милијарди долари.
Министерот додаде дека Украина не размислува за блокирање на рускиот извоз во третите земји.
Украинскиот претседател Петр Порошенко порано изјави дека затворањето на рускиот пазар за украинската стока претставува сосавен дел на војната против Украина.