Aida Cako
09 Декември 2025•Ажурирај: 10 Декември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Основните комунални услуги во Кан Јунис речиси целосно престанаа да функционираат, што доведе до опасно натрупување отпад и здравствена катастрофа за раселените жители, соопштија локалните власти, јавува Анадолу.
Портпаролот на Општина Кан Јунис, Саиб Лукaн, изјави дека повеќе од 350.000 тони отпад се натрупани на улиците и во близина на камповите за раселени.
Тој ја припиша вината за кризата на уништувањето на комуналните возила и инфраструктурата, како и на неможноста да се пристапи до главната депонија, на присуството на израелските воени сили.
„Кан Јунис е на раб на еколошка и здравствена катастрофа,“ рече Лукaн.
Тој додаде дека е уништувањето на канализациската мрежа е големо, што предизвикува прелевање на отпадните води во станбените подрачја.
Раселените семејства во областа Ел-Маваси велат дека живеат во неподносливи услови.
„Страдаме од целиот овој отпад“, изјави за Анадолу Ум Тарик ал-Арџа, додавајќи дека има многу комарци и дека децата се разболуваат, како и дека нема лекови.
Комуналната криза дополнително ја влошува и онака тешката хуманитарна ситуација.
Медицинските организации пријавуваат пораст на заболувања директно поврзани со пренатрупаност, лоша хигиена и колапс на системите за водоснабдување во јужна Газа.
Лукaн побара итна меѓународна интервенција за справување со вонредната состојба и спречување на натамошното влошување, нагласувајќи дека повеќе од 900.000 раселени лица и жители се концентрирани во западните делови на гуверноратот.
Според медицинските податоци од 2025 година собрани од „Лекари без граници“ (МСФ), 70% од амбулантските консултации во нивните клиники во јужна Газа се за состојби директно поврзани со лошите услови за живот, вклучително и инфекции на кожата, очите, респираторниот систем и гастроинтестиналниот тракт.
МСФ, исто така, пријавува голем пораст на заболувања што се пренесуваат преку водата од април 2025 година, што директно го поврзува со колапсот на системот за вода и канализација во Газа – кој, како што наведуваат, е резултат на целни уништувања и недоволен материјал за реконструкција.