Barry Ellsworth
01 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ТРЕНТОН (АА) - Канада го зголеми бројот на имигранти што ќе ги прими во следната година, објави вчера Владата на Либералите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Канадската влада ја одржа својата посветеност кон солидната имиграциска програма и ќе им посака добредојде на 300.000 имигранти во 2017 година“, се вели на веб-страницата на Владата.
Бројот претставува зголемување за 40.000 од предвидените 260.000 лица кои беа примани во временскиот период од 2011- 2015 година, според бројките наведени на веб-страницата.
Покрај тоа, министерот за имиграција Џон МекКалум претходно овој месец изјави дека Владата за четири месеци ќе почне да ги прима бегалците Језиди, но не беа наведени бројки.
МекКалум им ги објави новите бројки за прием на имигранти на новинарите по презентирање на извештајот за имиграција во Парламентот, објави Канадската мрежа ЦБЦ (CBC).
Иако ова е добра вест за бегалците кои се обидуваат да избегаат од воените зони, исто така, се однесува и на недостатокот на работна сила во Канада и стареењето на популацијата што треба да се обнови преку имиграцијата.
Канадската покраина Манитоба доживува пад на бројот на населението во текот на последната деценија.
„Имиграцијата игра клучна улога во однос на иднината на Канада, особено во регионите каде што опасноста од де-популација се реалност“, изјави за ЦБЦ секретарот на парламентот Кевин Ламоре.
Имиграцискиот план на Канада е поделен во четири категории - Eкономскa, која ги вклучува бизнис имигрантите, старателите и квалификуваната работна сила - 172.500; категорија Семејство - парови, партнери, деца и родители, баби и дедовци - 84.000; Бегалци - 40.000; и Хуманитарна категорија - 3.500.
„Планот за 2017 ќе ја стави Канада во солидна позиција во однос на иднината и ќе допринесе кон нашиот севкупен економски и социјален развој како држава“, рече МекКалум за Глобал.
Група советници ја повика Владата да ја зголеми квотата за имиграција до 450.000, но МекКалум додаде дека бројот е премногу амбицизен.