Ekipa
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
ОТАВА (АА) - Министерката за надворешни работи на Канада, Кристја Фриленд, синоќа соопшти дека канадската Влада се согласила да ги прошири законите за меѓународни санкции против кршењето на човековите права, пренесува nadolu Agency (AA).
Парламентарната комисија минатиот месец се согласи да ги поддржи измените и дополнувањата на Законот за санкции против кршењето на законот, а одлуката е донесена во чест на Сергеј Магнитски, кој во 2009 година почина во затвор во Русија, откако изнесе обвинувања против функционерите за проневера на 230 милиони долари.
Новата мерка уште повеќе ќе ги оптовари односите на Канада со Русија, која остро реагираше за наметнувањето на „Законот на Магнитски“ во други земји.
Откако поранешниот претседател на САД, Барак Обама потпиша сличен закон во 2012 година, Русија им забрани на американските граѓани да посвојуваат руски деца.