Seyit Aydoğan
16 Септември 2017•Ажурирај: 17 Септември 2017
ОТАВА (AA) - Канада издвои 2,5 милони долари помош на араканските муслимани кои спас од насилство пронајдоа во соседен Бангладеш, јавува Anadolu Agency (AA).
Канадската министерка за меѓународен развој Мари-Клауд Бибе соопшти дека помошта ќе биде насочена на итните потреби на цивилите кои се наоѓаат во Бангладеш.
Потсети дека меѓу оние на кои им е потребна помош се наоѓаат 70 отсто жени и деца. Според канадската министерка, главна цел е давање соодветна исхрана на бремените жени и децата помали од пет години. Меѓутоа, целта е и да се помогнат оние кои се жртви на насилство, силување ... Таа додаде дека меѓудругото, целта е да се воспостават поволни подрачја за деца.
Според податоците на Обединетите нации од 25. август од насилствата во Мјанмар во соседен Бангладеш пребегаа околу 400 илјади Рохинџа муслимани, меѓу кои 220 илјади деца.
Рохинџите веќе со години се најзагрозеното етничко малцинство во светот, а веќе неколку недели се соочуваат со нов бран на насилство во мјанмарскиот регион Аракан.
Под изговорот за борба против милитантни групи, мјанмарската војска во изминатите неколку дена сруши најмалку 60 муслимански села од кои десетици илјади жители се приморани да бегаат кон соседен Бангладеш.
Поради фактот дека во кризното подрачје нема претставници на меѓународните организации, невозможно е да се зборува за прецизен биланс на страдани лица во нападите на муслиманските населби. Невладините организации велат дека станува збор за илјадници убиени луѓе.