Tayfun Salcı
16 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
ЛОНДОН (AA) - Британската премиерка Тереза Меј изјави дека нивото на терористичка закана во Велика Британија е зголемено на „критично", јавува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека по бомбашкиот напад кој се случи во петок во Лондон нивото на терористичка закана зголемено е на највисоко ниво, од „сериозен" на „критично".
Нагласи дека таквата одлука е донесена по препорака на Заедничкиот центар за анализа на тероризмот кој делува при внатрешната разузнавачка служба MI5.
Британската премиера претходно рече дека целта на нападот во Лондон била да се нанесе, како што рече, „значителна штета".
Во експлозијата на рачно изработена бомба во лондонско метро, повредени се 22 лица од кои ниту едно не е животно загрозени, соопштија службите.
Британската полиција инцидентот на западот на Лондон го третира како „терористички акт", пети во оваа земја од почетокот на годината. Службата за јавно здравје објави дека вкупниот број на повредени според достапните информации достигна 22 лица.
До експлозијата дојде вчера наутро на станицата Парсонс Грин, во западниот дел на главниот град на Велика Британија. По експлозијата избувна пожар, а на местото на настанот беа упатени повеќе екипи на брза помош и противпожарни служби.