Dildar Baykan Atalay
21 Септември 2025•Ажурирај: 22 Септември 2025
АНКАРА (АА) - Канадскиот премиер Марк Карни објави дека ја признале државата Палестина, известува Анадолу.
Во писмено соопштение Карни наведе дека сите канадски влади уште од 1947 година, го поддржувале дво-државното решение за Палестина, истакнувајќи дека нивните надежи за решение избледеле со текот на времето.
Повикувајќи го Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници, Карни истакна:
„Актуелната израелска влада редовно работи на спречување на воспоставување палестинска држава“.
Нагласувајќи дека планот на Израел за населување на Западниот Брег го крши меѓународното право, Карни истакна дека Израел убил десетици илјади цивили во Газа, раселил повеќе од 1 милион цивили и ги довел луѓето до глад, сето тоа кршејќи го меѓународното право.
„Во тој контекст, Канада ја признава државата Палестина и нуди партнерство во воспоставувањето на ветувањето за мирна иднина и за Државата Палестина и за Државата Израел“, наведе Карни.
- „Немаме илузии дека ова признавање ќе биде лек за сите проблеми“
Нагласувајќи дека Канада го направила ова признание за решение со две држави, Карни истакна:
„Канада нема илузии дека ова признавање ќе биде лек за сите проблеми. Тоа е дел од нашата решителност, основните принципи за човекови права на Повелбата на Обединетите нации и цврстата политика на Канада што е трае со генерации.“
Карни истакна дека Палестинската самоуправа директно дала ветување кон Канада и меѓународната заедница во врска со реформите и дека Канада ќе ја поддржи Палестина во спроведувањето на овие реформи.
Карни изјави: „Заедно со нашите меѓународни партнери, Канада поддржува кредибилен мировен план, демократско управување, дефинитивни безбедносни аранжмани за Палестина и испорака на голема и одржлива помош за Газа.“