Seyit Aydoğan
23 Јуни 2018•Ажурирај: 24 Јуни 2018
МОНТРЕАЛ (AA) - Бебето, на возраст од 6 месеци, кое цел ден било заборавено во возило во канадскиот град Монтреал, почина, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот портпарол во Монтреал, Жан-Пјер Брабант, истакна дека таткото, чие име не го сподели со јавноста, заборавил да го остави детето во градинка, и го оставил во возилото. Таткото во вечерните часови отишол во градинката за да го земе бебето, но вработените во градинката му рекле: „Вие денес не го донесовте Вашето дете“, а потоа истрчал до возилото.
„Кога таткото отишол во градинката, откако му кажале дека тој ден тој не го однел своето бебе таму, истрчал кон возилото, и во тој момент забележал дека неговиот 6-месечен син е несвесен“, изјави Жан-Пјер Брабант, и додаде дека бебето од утринските часови било во возилото и останало без воздух, сè до 17:35 часот по локално време, кога биле повикани тимови за прва помош.
Брабант нагласи дека покрај сета интервенција на здравствените тимови, бебето го загубило својот живот.
Брабант овој случај го опиша како многу трагичен, и нагласи дека родителите на бебето биле во шок и пренесени во болница.
Тој додаде дека е сè уште рано за некое обвинување, и дека по фактите кои ќе бидат утврдени со истрагата, ќе биде донесена некаква одлука.