Seyit Aydoğan
25 Декември 2021•Ажурирај: 27 Декември 2021
ТОРОНТО (АА) - Агенцијата за јавно здравје на Канада (PHAC) призна дека следела 33 милиони мобилни уреди на луѓето за време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата имала пристап до податоците за мобилност, како што се базните станици, за 33 милиони уреди, јави дневниот весник „Нешнал пост“ (National Post), пренесувајќи ги изјавите на портпаролот на Агенцијата.
„Податоците за локацијата се употребени за 'да се види можната поврзаност помеѓу движењето на населението во Канада и ширењето на Ковид-19'“, рече портпаролот. Тој додаде дека Агенцијата во март склучила договор со компанијата „Телус“, што истекол во октомври.
„Агенцијата за јавно здравје на Канада повеќе нема пристап до податоците за локација“, нагласи тој.
Канцеларијата на комесарот за право на приватност на податоци не даде коментар за ова прашање наведувајќи дека бара повеќе информации.
Застапниците за правото на приватност рекоа дека се загрижени поради следењето на податоците.