Suhib Mohammad Nemed Abed,Hacer Başer
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Претседателот на Светската унија на исламските научници (IUMS) Јусуф ал-Кардави денес во Истанбул рече дека не е исправно исламскиот свет да биде разделен додека пред себе го има уништениот Алепо и повика на одбрана на овој сириски град Anadolu Agency (AA).
Кардави присуствува на 26. заедание на Европскиот совет за фетви и истражување во Истанбул, а во разговор за АА се осврна на ситуацијата во Сирија и упати повик кон исламскиот свет.
„Секој муслиман треба да заземе заеднички став за одбрана на Алепо", порача Кардави и додаде дека е неопходно единство за помош на овој град.
„Не е исправно исламскиот свет да е поделен во време кога пред него се наоѓа градот Алепо, кој е уништен на еден дивеечки начин. Се надеваме дека наспроти овие тешки напади ќе дојде до состојба на будење и движење", рече Кардави.
Додаде дека случувањата во Алепо се голем проблем во кој се вклучени непријатели на исламот. Како што рече, „муслиманите се против војните и пролевањето крв, никого не го сметаат за непријател, освен оние кои кон нив делуваат непријателски.
Откако што на 19 септември е завршено примирјето во Сирија, авионите на руските и силите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад продолжија со нападите на градот Алепо, во текот на кои загинаа стотици цивили.