Rania R.a. Abushamala
14 Јануари 2025•Ажурирај: 15 Јануари 2025
ДОХА (АА) - Катар денес соопшти дека преговорите за прекинот на огнот во Газа се во финална фаза и дека објавувањето на договорот е неизбежно, јавува Анадолу.
„Нацрт-договор им е предаден и на Хамас и на Израел, а главните пречки околу клучните спорни прашања меѓу двете страни се надминати“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, на прес-конференција во Доха.
„Моменталните преговори во Доха се фокусирани на финализирање на преостанатите детали“, додаде тој.
Ансари изјави дека имплементацијата на договорот за прекин на огнот во Газа ќе се случи „многу наскоро откако ќе биде финализиран“.
„Постои позитивна атмосфера во преговорите и оптимисти сме за можноста за постигнување договор, но не треба да бидеме претерано оптимистични“, истакна тој.