?????
06 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ДОХА (АА) - Катарските функционери соопштија дека уапсија маж кој имал намера во земјата прокриумчари дијаманти и бисери вредни 1,2 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Катарската новинска агенција објави дека цариниците ова го пронашле во вторник на Меѓународниот аеродром Хамад во главниот град Доха.
Цариниците кај мажот за време на прегледот пронајдоа седум дијамантни прстени, три бисерни ѓердани и 43 бисери
Сомнеж кај цариниците предизвика тоа што лицето се обидело во земјата да внесе еден кофер додека вториот го оставил за продолжување на патувањето.
Идентитетот на лицето не е откриен, а против него веројатно ќе биде поднесена кривична пријава.