Safiye Karabacak
22 Јули 2021•Ажурирај: 26 Јули 2021
ДОХА (АА) - Катарскиот емир, шеикот Темим бин Хамед ал Тани, донесе одлука за обезбедување 100 милиони долари за напорите за спречување на гладот во Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на катарската официјална новинска агенција КНА (QNA), Ал Тани дал инструкции за обезбедување 100 милиони долари како поддршка за напорите на Светската програма за храна при Обединетите нации (ОН) за спречување на гладот и поддржување на безбедноста на храната.
Се истакнува дека со оваа сума ќе се поддржуваат итните хуманитарни програми на ОН реализирани со цел олеснување на хуманитарната криза во Јемен.
Во Јемен подолго време владее политичка нестабилност и судири помеѓу владините сили и Хусите кои се поддржани од Иран.
Хусите од септември 2014 година под своја контрола ги имаат повеќе подрачја во земјата, меѓу кои јеменскиот главен град Сана, додека коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.
Според ОН, 80 отсто од населението во Јемен, каде што се случува една од најголемите хуманитарни кризи во светот, има потреба од хуманитарна помош и заштита.