Recep Canik
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
НАЈРОБИ (АА) - Најмалку 21 лице, вклучувајќи и високи официјални претставници, се приведени во Кенија, поради како што е наведено, сомнение за коруптивни активности во врска со 90 милиони долари, кои исчезнаа од Националната младинска служба која делува при Владата на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот за истрага на криминални работи соопштија дека парите се уплатувани на сметки на луѓе кои конкурирале за помош со лажна документација.
Приведен е директорот на службата Ричард Ндубаи, неговиот асистент Сем Мичуки, финансискиот директор Семи Мбугуа и 17 бизнисмени.
Во рамките на истрагата за исчезнувањето на 90 милиони долари планирано е приведување на најмалку 50 лица, како и истрага во врска со банките кои извршувале трансакции.