Barış Seçkin
26 Јуни 2016•Ажурирај: 27 Јуни 2016
РИМ (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери во врска со одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), рече дека Европа и без Велика Британија од економски аспект е силна, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери престојува во официјална посета на Рим со цел да оствари средба со министерот за надворешни работи на Италија, Паоло Џентилони, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Џентилони и Кери разговараа за референдумот за ЕУ кој се одржа во Велика Британија, а тема на разговорите беа и Либија, Сирија, борбата против ДАЕШ и Самитот на НАТО што ќе се одржи на 8-ми и 9-ти јули во Варшава.
„На пазарите сакам да им порачам дека ЕУ и без Велика Британија е сила со 440 милиони жители потенцијална голема економска сила”, рече Кери додавајќи дека утре ќе го посети Лондон и Брисел за да се запознае со видувањето за ситуацијата од страна на администрацијата на овие градови.
Кери смета дека е потребно со заедничка работа влијанието на Брекситот врз пазарот да се сведе на минимум.
„Ние го почитуваме изборот на гласачите. Работата на лидерите во демократијата е на ваквите гласања да ги сослушаат гласачите. САД ќе продолжи да ги одржува блиските и посебни односи што ги има со Велика Британија. Гласањето нема да ги промени тие односи”, нагласи Кери кој додаде дека очекувал поинакви резултати од референдумот.
Паоло Џентилони смета дека референдумот и неговите резултати би требало да бидат нов почеток за Европа. Тој додаде дека тие сериозно ја сфатиле одлуката на британските гласачи и повика започнување на постапката за напуштање на Унијата.
„Очекуваме според Лисабонскиот договор да започнат преговорите за напуштање (на Велика Британија)”, рече Џентилони.
Кери вечерва ќе се сретне со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху. По посетата на Рим, Кери утре ќе го посети Брисел и Лондон.